front |1 |2 |3 |4 |5 |6 |7 |8 |9 |10 |11 |12 |13 |14 |15 |16 |17 |18 |19 |20 |21 |22 |23 |24 |25 |26 |27 |28 |review |
Најголемиот инцидент со радиоактивно зрачење се случи во нуклеарната електрична централа во Чернобил (Chernobyl), во близината на Припјат, во Украина, на 26 април 1986 година. Повеке од 600,000 луѓе учествуваа во проектот за расчистување, мегу кои 200,000 беа Украинци. Работите се одвиваа до 1990 година. Радиоактивната контаминација се прошири на територијата на Украина, Белорусија и Русија. Густината на контаминацијата е покажана на картата. Има депозиција на радиоактивен Cs-137 во околината на Чернобил. Наспроти различните успеси на санитарната револуција, здравјето на нашата животна средина се уште е голем проблем. Несреќата со чернобилската нуклеарна електрана сите ги потсетува колку е значајно да се спречат загадувањето на околината и останатите закани по здравјето, кои се предизвикани од човековата активност. Здравствените ефекти од озрачувањето и мерките за секундарна превенција за оние кои беа изложени се голем проблем за јавно-здравствените професионалци во Украина и другите региони. Автор на слајдот: Boris Ledoshchuk, MD, PhD, Ukraine |